Многу корисници на социјалните мрежи побрзаа да ја обвинат Дарја Клишина, која се натпреварува во скок во далечина, за предавство по нејзината благодарност до ИААФ за одлуката во нејзина корист, за непатриотизам и отсуство на солидарност со колегите од репрезентацијата.
Бранот негативни реакции ја принуди Клишина да ја објасни својата позиција. „Јас не почнав да тренирам во САД со американски тренер еден месец пред настанатата ситуација. Сепак се наоѓам таму веќе три години. Затоа да ме караат и да ме нарекуваат предавник на Татковината, ми се чини, е погрешно... Чекам до последен момент и се надевам дека нема да отидам сама во Рио. Сите сакаме да настапиме таму како екипа“, ги цитира зборовите на Клишина сајтот на Серуската атлетска федерација.
Во одбрана на Клишина застана атлетичарот кој се натпреварува во трки на 60 и 110 метри со пречки Сергеј Шубенков: „Оставете ја… Клишина. Ние не ‘рмбаме тука како коњи за потоа да седиме дома „заради друштвото“, напиша спортистот на Твитер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче