Медиум:Обама планира да ѝ понуди на Русија продолжување на договорот СТАРТ

Претседателот на САД Барак Обама сака да ѝ предложи на Русија продолжување на уште пет години на договорот за намалување на стратешкото офанзивно вооружување, соопштуваат медиумите.

Според зборовите на американските официјални лица, Обама сака намалувањето на нуклеарното вооружување, кое тој го поддржува уште од самиот почетокот на неговиот мандат во Белата куќа, да стане „дел од неговото надворешнополитичко наследство“. Тој како и претходно го смета едно од неговите најважни постигнувања Договорот за намалување и ограничување на офанзивното вооружување кој беше потпишан со Русија во 2010 година.

„Вашингтон Пост“ истакнува дека последниве недели таа тема била дискутирана веќе двапати на состаноците на Советот за национална безбедност на САД, пишува „Взгљад“.

„Администрацијата на САД го проучува прашањето за предлог до Русија за продолжување на ограничувањата според овој договор со важност до 2021 година за уште пет години. На тој начин Обама може да гарантира дека овој договор ќе остане во сила и во текот на мандатот на следната администрација“.

Меѓу другите можни иницијативи кои ги проучуваат експертите на Советот за национална безбедност на САД се и објавата за тоа дека „САД нема први да употребат нуклеарно оружје“ и подготовка на резолуција на Советот за безбедност на ООН за забрана за нуклеарни експлозии.  Администрацијата на САД гледа неопходност во таквиот домунет, затоа што не може да добие од Сенатот ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестирања.

 

Покрај тоа, се разгледува и можноста за повлекување на поголемиот дел од нуклеарното оружје од борбено дежурство, намалување на размерите на модернизација на „нуклеарната тријада“ на САД и откажувањето од воведување во состав на вооружувањето на нова крстосувачка ракета со нуклеарна боева глава.

„Вашингтон Пост“ истакнува дека „засега не се донесени никакви одлуки по овие прашања“.  

„Сепак се очекува дека Обама наскоро лично ќе ги проучи можните варијанти“ на новите иницијативи во сферата на намалувањето на нукеларното вооружување, пишува весникот.

Претходно заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека излегувањето на Русија од договорот СТАРТ како одговор на распоредувањето на ПРО САД во Европа не е актуелно.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња