Маневри на Ракетните сили за стратешка намена ширум Русија

Маневрите на Ракетните сили за стратешка намена се реализираат од Тверската област до Алтајскиот крај, соопшти управата за прес-служба и информирање на Министерството за одбрана на Русија.

Околу 400 единици техника, вклучувајќи ги и ракетните системи „Топољ“, „Топољ-М“ и „Јарс“ во рамките на планираните воени вежби одработуваат задачи за борбено дежурство. Борбеното дежурство на маршрутите за борбено патролирање на подвижните копнени ракетни системи во РССН е траат подолго од еден месец, пренесува „Взгљад“.  

„Во текот на воените вежби стратешките ракетни сили одработуваат прашања за извлекување на ракетните системи на теренски позиции, марш, дисперзија на единиците со промена на теренските позиции, инженерско опремување на позициите, организација на маскирање и борбено обезбедување“, се вели во соопштението.

Антидиверзантските единици во текот на маневрите ќе откриваат, блокираат и уништуваат замислени диверзанти. На оваа етапа ќе се искористат и новите борбени антидиверзантски возила „Тајфун-М“ со беспилотни летала.  

На маневрите исто така се одработуваат задачи за совладување на условно нападнати делови од теренот, одбивање напад на противник од копно и воздух, организација на заедничко дејствување со единиците во состав. „Ракетни сили исто така ќе исполнат задачи за условно лансирање на ракети“, се вели во соопштението.

Вкупно до крајот на годината во РССН ќе се одржат повеќе од 40 штабни и околу 20 командно-штабни обуки, околу 10 командно-штабни и околу 50 тактички и тактичко-специјални маневри.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња