Либан сака да купи од Русија системи „Корнет”, топови и тенкови Т-72

Либан и Русија преговараат за испорака на руско оружје.

Либан е заинтересиран да купи руско вооружување за борба против терористите. Меѓу другото, Бејрут бара испорака на противтенковски ракетни системи „Корнет”, топови и тенкови Т-72. На експертско ниво се анализираат деталите за испораката, изјави  амбасадорот на Либан во Русија Шауки Бу Насар.

„На Либан му е потребно оружје за борба против терористите, на Бејрут му се посебно потребни руските противтенковски ракетни системи „Корнет“. Сѐ уште преговараме со руската страна за да го добиеме тој тип на вооружување. Тоа е многу важно. На експертско ниво се разработуваат деталите”, изјави амбасадорот  на Либан за „Взгљад”.

Според него, „Либан ги бараше овие ракети и, покрај тоа, топови и тенкови Т-72”. „Руската страна вети дека ќе ги модернизира системите во тие тенкови, затоа што раЛибан одамна ги бараше тие тенкови и, се системе у тим тенковима, јер је Либан такође тражио те тенкове и, се разбита, муниција за топовите. Сето тоа е за борба против тероризмот”, истакна дипломатот.

Како што истакна амбасадорот, преговорите за испорака се во „поодмината фаза“ и „Либан се надева дека ќе го добие тоа вооружување до крајот на годината“.

Во моментов се преговара само за пониска цена и за грантови за хеликоптери, како и за што побрза реализација на испораките. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња