Германија, Франција и Италија покажуваат подготвеност да се откажат од цврстата позиција спрема Русија, пишува „Њујорк Тајмс“ коментирајќи го самитот на НАТО што се одржа во Варшава на 8-9 јули.
Во статијата под наслов „Единството на НАТО попушта под притисокот на Русија“, се истакнува дека претседателот на САД Барак Обама и лидерите на државите од ЕУ на самитот на Алијансата „се обидоа да покажат единствен фронт“.
„Меѓутоа, во Варшава се покажа дека зад надворешнот единство во Европа се појавуваат сѐ повеќе несогласувања, освен очигледниот развод со Велика Британија кој привлекува најмногу внимание“, се наведува во статијата.
Авторот на текстот смета дека „повеќето од тие несогласувања се однесуваат на прашањето за тоа дали треба да се одвраќа или смирува Русија“.
Весникот истакнува дека „Германија, Франција и Италија покажуваат дека се подготвени да се откажат од цврстиот став“ кој го зазедоа во прашањата „од економските санции кои треба да извршат притисок врз Русија па сѐ до воените маневри кои имаат за цел одвраќање“.
„Њујорк Тајмс“ во врска со тоа потсетува дека италијанскиот премиер Матео Ренци неодамна учествуваше на Петербуршкиот меѓународен економски форум.
„Претседателот на Франција Франсоа Оланд зборуваше за неопходноста од соработка со Русија“, се наведува во статијата. „Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер искажа критика за масовните воени маневри во Полска минатиот месец, велејќи дека тие ја провоцираат Русија. Тој го нарече тоа „ѕвецкање со оружјето“.
Весникот исто така ги наведува зборовите на поранешниот пратеник на САД во НАТО Николас Барнс кој неодамна беше во ЕУ.
„Бев изненаден од несогласувањата меѓу раководството на Европа во тоа како да се одговори на овие предизвици“, изјави тој.
Еден од главните резултати на самитот во Варшава е проширувањето на военото присуство во близина на руските граници. Според мислењето на експертите, изјавите на НАТО за тоа дека не сакаат судир со Русија се на ниво на реторика, додека со своите потези НАТО покажува дека Русија е за него непријател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче