ИААФ дозволи атлетичарката Клишина да учествува на меѓународни натпревари

Руската атлетичарка Дарја Клишина, која се натпреварува во скок во далечина, може да учествува на меѓународни натпреварувања, објави ИААФ.

Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) дозволи руската атлетичарка Дарја Клишина, која се натпреварува во скок во далечина, да учествува на меѓународни натпреварувања, објави ИААФ на својот сајт.

Комитетот за разгледување на случаи со употреба на допинг дојде до заклучок дека Клишина одговара на критериумите за учество во меѓународни натпреварувања како независен спортист. Одлуката беше донесена едногласно, а барањето на Русинката одобрено.

Притоа се истакнува дека учеството на Клишина во такво својство е можно само под услов да се согласат организаторите на натпреварувањата.

Комитетот на ИИАФ вкупно доби 136 барања од руски спортисти за индивидуално учество во натпреварувања, пренесува „Лента.ру“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња