Белорусија го запре извозот на производи од животинско потекло во Русија

Претходно „Россељхознадзор“ побара запирање на извозот на производи од животинско потекло поради тоа што беа откриени ГМО-компоненти во производите.

Белорусија времено го запре извозот во Русија на производи од животинско потекло, се вели во писмото  на заменик-министерот за земјоделство и производство на Белорусија Александар Суботин испратено до првиот човек на „Росељхознадзор“  Сергеј Данкверт.

Во документот се прецизира дека белоруската страна организирала истрага со цел пронаоѓање на факторите кои довеле до тоа да бидат извезени производи несоодветни на стандардите за квалитет.

„Россељхознадзор“ претходно се обрати до одделот за ветеринарен и производствен надзор на Република Белорусија со барање да запрат испораките во Русија на производи од низа претпријатија поради тоа што беа откриени ГМО-компоненти недекларирани од производителите, пишува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња