САД протераа двајца руски дипломати

Стејт департментот на САД соопшти дека на 17 јуни протерале двајца руски дипломати.

Амбасадата на РФ се воздржува од коментари по повод изјавите на Стејт департментот на САД за протерување од земјата на двајца руски дипломати.

„Во овој момент амбасадата се воздржува од коментари“, соопштија од прес-службата на амбасадата во петокот.

Претходно во петокот портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби соопшти дека на 17 јуни САД протерале двајца руски дипломати како одговор на инцидент со американски дипломат во Москва, пренесува РИА „Новости“.

Претходно весникот „Вашингтон пост“ објави текст за наводен напад врз еден од вработените на американската амбасада во Москва.

МНР РФ објасни дека американскиот дипломат работи за ЦИА и дека самиот го нападнал рускиот полицаец кој ја чувал амбасадата, за што сведочат записите од камерите за видео надзор.

Двајца американски службеници потврдија за весникот дека дипломатот работел за ЦИА и дека се обидел да се сокрие во амбасадата од претставниците на руските специјални служби кои планирале да го уапсат.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.