Пилоти на Ка-52 приредија авиошоу на плажа во Сирија

Руски хеликоптер Ка-52 ги воодушеви присутните на плажата во Латакија.

Пилоти на јуришниот хеликоптер Ка-52 во состав на Возушно-космичките сили на Русија во Сирија ги поздравија присутните на плажата во Латакија, исполнувајќи неколку маневри на мала висина, со што предизвикаа восхит кај присутните, пренесува „Лента.ру“.

Видеозаписот беше објавен на Твитер од корисникот Ivan Sidorenko.

Во јуни на социјалните мрежи се појави видео од борбен хеликоптер  Ми-28Н ВКС како лета на мала висина по должината на плажата на сирискиот град Тартус.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња