Медиумите: НАТО со мерки против руските забранети зони за летање

Членките на НАТО подготвија пакет мерки против зоните на забрането летање кои Русија фактички ги создаде во Црноморскиот регион, на Балтикот, Камчатка и во Сирија.

Русија, според зборовите на изворот на „Интерфакс“, создала со распоредувањето на системот на ПВО на повеќе нивоа, вклучувајќи ги новите ракетни системи С-400, „забранети зони“ над Крим, Калининградската област, Камчатка и Сирија.

Радиусот на дејство на ПВО, како што истакнува соговорникот на агенцијата, опфаќа значителен дел од балтичките земји, Полска, како и акваторијата на Балтичкото море, дел од Турција, исто така предизвикува и загриженост во Норвешка. Во случај на криза присуството на забранети зони за летање ќе може да го попречи префрлањето на сили на НАТО, што не ѝ одговара на Алијансата, додаде изворот.

Пакетот мерки против наведените зони треба да обезбеди слобода на префрлување на силите на НАТО и за истиот се разговарало на вчерашниот самит на НАТО во Варшава. Притоа изворот не сакаше да открива детали за дискутираните мерки.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња