На варшавскиот самит на НАТО главна тема е зачувувањето на безбедноста во Источна Европа и на постсоветските простори, пишува „Дејли Телеграф“. Ова е прва средба на 28 членки на Алијансата по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, затоа што нејзините лидери се обидуваат да докажат дека Брегзит не го означува расколот „кој Кремљ може да го искористи за свои интереси.
Как што тврди изданието, Владимир Путин не крие дека е задоволен од исходот на британскиот референдум. Тој наводно се надева да ја искористи европската расцепканост и да го зголеми руското влијание во соседните земји.
Меѓутоа, се истакнува во статијата, во НАТО расте вознемиреноста поради подемот на односите меѓу Атина и Москва. Според мислењето на лидерите на Алијансата, овие односи можат да ги поткопаат обидите на НАТО да истапува обединето против Русија.
„Работата е во тоа што таквите стратешки важни земји на НАТО, како што е Грција, се обидуваат да воспостават сопствени односи со Москва, што може сериозно да ја поткопа способноста на Алијансата да ги одвраќа како обединет фронт понатамошните акти на руска агресија“, се пожали еден високопоставен функционер на НАТО.
Загриженоста на Алијансата е поврзана со неодамнешната изјава на министерот за одбрана на Грција Панос Каменос кој соопшти за соработката со концернот „Калашников“. Грчката влада настојува дека овој договор е витално неопходен за да се спречи колапс на воената индустрија на земјата. Меѓутоа, тврди британскиот весник, за реализација на тој договор Москва бара Аина да ги убеди своите европски партнери во НАТО да ги укинат економските санкции против Русија.
Според зборовите на изданието, многу лидери на НАТО одамна се однесуваат со сомнеж спрема Каменос, кој истовремено е и лидер на десничарската партија „Независни Грци“. Во минатото тој веќе се закануваше дека ќе пушти во Европа „бран од милиони економски мигранти“ и џихадисти ако ЕУ не престане да бара да се почитува режимот на строга економија во неговата земја. Министерот исто така го навреди раководството на Германија, нарекувајќи го претставници на неонацистите. Покрај тоа, Каменос беше единствениот западен политичар на Московската меѓународна конференција за безбедност кој изјави дека европските санкции „станаа катастрофа како за Русија, така и за Европската унија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче