„НАТО не претставува закана за ниедна земја. Во однос на ова ние како и претходно сме подготвени за значаен дијалог со Русија за јасно да ја соопштиме нашата позиција и во прв ред да го намалиме ризикот од воени инциденти, вклучително и преку заемни мерки на транспарентност. Ние продолжуваме да се стремиме кон конструктивни односи со Русија кога постапките на Русија ќе го направат тоа можно“, пренесува „Взгљад“.
Исто така се истакнува дека одлуките на самитот на НАТО во целост одговараат на меѓународните обврски и не можат да се сметаат како прекршување на договорот Русија-НАТО.
„Во текот на повеќе од две децении НАТО вложуваше напори за воспоставување партнерство со Русија, вклучително и преку механизмот на Советот Русија-НАТО. Последните постапки на РФ и нејзината политика ја намалија стабилноста, ја зголемија непредвидливоста и ја сменија ситуацијата на планот на безбедноста. Додека НАТО се придржуваше до своите меѓународни обврски, Русија ги прекрши вредностите, принципите и спогодбите кои лежеа во основата на односите меѓу РФ и НАТО... Одлуките што ги донесовме, вклучително и на нашиот самит, во целост одговараат на нашите меѓународни обврски и затоа и не можат да бидат сметани од кого било како спротивност на Основниот акт РФ-НАТО“, се вели во документот што го донесоа земјите-членки на Алијансата.
Притоа се истакнува дека НАТО останува нуклеарен сојуз сѐ додека постои нуклеарното оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче