Двајца руски пилоти загинаа во Сирија

Терористите на „Исламската држава“ соборија хеликоптер Ми-25 во околината на Палмира во Сирија. Притоа загинаа двајца руски воени пилоти-инструктори, соопшти Министерството за одбрана на РФ.

Во текот на борбите со терористите на „Исламската држава“ на 8 јуни во околината на Палмира, провинција Хомс во Сирија, загинаа двајца воени пилоти-инструктори Рјафагат Хабибулин и Евгениј Долгин, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува РТ на руски. 

Како што информира одбранбениот ресор, на 8 јули руските воени пилоти-инструктори Рјафагат Хабибулин и Евгениј Долгин летале со сириски хеликоптер Ми-25 (извозна варијанта на хеликоптерот Ми-24) со борбен комплет во провинцијата Хомс.

Во тоа време источно од Палмира голем одред на борци на ИД ги напаѓал позициите на сириската армија и откако ја пробил одбраната, упорно напредувал во длабочина на реонот, создавајќи опасност од заземање на клучните коти.

Резервни единици на сириските сили за префрлување и одвраќање на нападот на терористите во наведената насока немало. 

Екипажот добил барање од сириската команда за напад врз бунтовниците кои напаѓале. Командирот на екипажот Рјафагат Хабибулин донел одлука да ги нападне терористите. Со дејствијата на рускиот екипаж нападот на терористите бил прекинат, истакнува министерството.

Заземајќи обратен курс, хеликоптерот, откако го потрошил целиот борбен комплет, бил соборен со оган истрелан од земја и се урнал во реон кој бил под контрола на сириските владини сили.

Екипажот на хеликоптерот загинал.

Командата ги препорача воените пилоти за највисоки државни почести. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.