Путин бара Меркел и Оланд да го убедат Порошенко да го почитува „Минск 2“

Рускиот претседател Владимир Путин очекува дека разговорите меѓу Оланд, Меркел и Порошенко во Варшава ќе се однесуваат и на договорот за решавање на конфликтот на истокот на Украина.

Претседателот на Русија Владимир Путин во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд повика тие да влијаат на Киев во текот на претстојните контакти со украинскиот претседател Петро Порошенко во Варшава, за да се реализира „Минската спогодба“, соопшти прес-службата на Кремљ во петокот.

„Владимир Путин укажа на зачестените провокации на украинската војска на југоистокот на земјата. По тој повод ги замоли соговорниците поактивно да влијаат врз украинската страна, па и во текот на претстојните контакти со Петро Порошенко во Варшава, за да се обезбеди строга реализација на „Минската спогодба“, стои во соопштението на Кремљ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња