Медиум: Без оглед на самитот, НАТО нема наскоро да ја нападне Русија

Воени експерти велат дека е почната последната етапа од подготовките на Алијансата за напад врз Русија. Но руското раководство сфаќа дека одлуката на НАТО за засилување на контингенот во источна Европа има повеќе пропаганден карактер. Кремљ повеќе внимание обрнува на американските противракетни вази, тврди полскиот канал TVN24.

Утре и задутре ќе бидат донесени одлуки за изградба на нови воени бази и магацини за оружје, а подоцна и за распоредување нуклеарно оружје во близина на руските граници, вели дописникот на полскиот канал TVN24 Анджеј Зауха.

„За агресивниот карактер на НАТО зборуваше и портпаролот на Путин Дмитриј Песков, но повеќето експерти истакнуваат дека варшавскиот самит само ќе го потврди она што е веќе претходно решено во вашингтонските кабинети и што е одамна познато. Тенденцијата за јакнење на источното крило на НАТО под изговор за одвраќање на руската агресија е можеби и непријатна, но не е трагедија. Москва нема наскоро да ја нападнат“, вели новинарот.

Рускиот воен експерт Павел Фелгенгауер потсетува дека руската армија веќе одамна укажува на тоа дека не се работи за распоредување на американска ПРО, туку за офанзивни ракети.

„Тоа ќе бидат многу брзи и прецизни ракети кои можат да го погодат прозорецот на спалната соба на Путин. Ракетите можат да долетаат толку брзо што Путин нема да има време да седне во хеликоптер и да се евакуира. Две бази, затоа што Путин повеќе од шест месеци поминува во Сочи. Така можат да го нападнат од базата во Романија. А ако биде во Москва или во подмосковската резиденција, ракетите можат да бидат лансирани од базата во Полска. Тоа се токму тие бази кои се први на списокот за уништување во случај на евентуален пораст на затегнатоста. Русија мора да ги елиминира пред да стигнат да ја лансираат ракетата. На зајакнувањето на источното крило на НАТО Русите веќе имаат одговор, и тој е многу познат: нови дивизии на западните граници“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња