Вмешувањето на САД и низа европски земји во ситуацијата во Украина во 2014 година спречија крвопролевање во таа земја, смета државниот секретар на САД Џон Кери, пренесува РИА „Новости“.
Во четвртокот во текот на својата посета на Киев, државниот секретар на САД се сретна со службениците на американската амбасада во земјата. Во текот на разговорот тој се осврна на настаните од 2014 година, кога се случија судири на плоштадот Мајдан и соборување од власт на претседателот на Украина Виктор Јанукович. Кери ги нарече тие настани „борба за слобода и независност“.
„Сметам дека без нашата помош на секоја етапа од тој пат, особено во првите денови, и без санкциите против Русија, без единството на Европа и САД, без нашиот притисок врз Путин – кој знае кој ќе маршираше по улиците на Киев денеска, и кој знае какво крвопролевање можеше да настане во таа борба“, рече Кери.
Според него, САД „го прават тоа што го прават најдобро од сѐ – им помагаат на луѓето да бидат она што сакаат да бидат“. Државниот секретар на САД прецизираше дека под тоа подразбира, особено, заштита на човековите права и владеење на правото.
Кери исто така изрази увереност дека „целот свет ни завидува (на САД) поради квалитетот на нашата економија и технологијата, нашата медицинска помош, способноста да создаваме, претприемничката активност на нашата нација“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче