Извештајот на специјалната комисија која седум години ја испитуваше улогата на Велика Британија во војната во Ирак со Џон Чилкот на чело потврдува дека интервенцијата беше незаконска и дека немало никаква потреба од неа, изјави портпаролот на руското МНР Марија Захарова.
„Сметаме дека погледот над клучните тези на извештајот на сер Џон Чилкот е дволна потврда за она што Руската Федерација го зборува долга низа години. Токму ние уште пред почетокот на ирачката кампања, располагајќи со факти, тврдевме дека интервенцијата во Ирак, несомнено, е незаконска и дека нема каква било потреба од неа“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.
„Оправданоста на операцијата и интервенцијата е заснована врз отворени фалсификати, а не врз факти или вистинити информации. Клучното прашање останува отворено, кој и во колкава мера ќе биде одговорен за страдањето, што всушност и се признава во извештаот, на најмалку 150 000 ирачки граѓани. Без да ги сметаме милионите бегалци и стотиците илјади ранети“, рече Захарова, пренесува РИА „Новости“.
„Најважно е дека некој мора да преземе одговорност за инвазијата врз Ирак“, рече Захарова на редовниот брифинг во летниот камп Артек на Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче