Штајнмаер: Не смееме да дозволиме враќање на „старите времиња” со Русија

„Заедничка цел треба да биде враќањето на поголема безбедност по две и пол тешки години за цеа Европа. Ние не треба да дозволиме враќање на „нова стара конфронтација“, изјави шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер.

Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека целта на односите со Русија треба да биде враќање на безбедноста. Тој исто така предупреди дека треба да се спречи враќање на „старите времиња“ во односите.

„Заедничка цел треба да биде враќањето на поголема  безбедност по две и пол тешки години за цеа Европа. Ние не треба да дозволиме враќање на „нова стара конфронтација“, изјави тој пред почетокот на самитот на НАТО во Варшава, пренесува „Взгљад”.

Според зборовите на Штајнмаер, мерките на безбедност во Источна Европа, кои Алијансата планира да ги усвои на самитот, како и подготвеноста за дијалог со Русија се „две страни на ист медал“.

„Едното е невозможно без другото, едното без другото нема смисла“, смета германскиот министер. Тој исто така апелираше до партнерите во НАТО да избегнуваат непотребно заострување во односите.

„Треба да внимаваме оваа порака да не биде искривена со непотребни емоции и остра реторика за да не биде погрешно протолкувана“, изјави министерот за надворешни работи на Германија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња