Претседателот на САД Барак Обама во телефонски разговор го повика неговиот руски колега Владимир Путин да преземе мерки за да не дозволи пораст на борбените дејствија на истокот на Украина, соопшти Белата куќа, пренесува РИА „Новости“.
„Претседателот Обама го повика претседателот Путин да преземе мерки за да не се дозволи остар пораст на борбените дејствија на истокот на Украина и ја потенцираше итната неопходност од прогрес кон целосна реализација на „Минската спогодба“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Претходно од прес-службата на Кремљ соопштија дека Путин во разговорот со Обама „повторно укажа на важноста од безусловно исполнување на „Минската спогодба“ од страна на Киев... вклучително и воспоставување реален директен дијалог со Донецк и Луганск, спроведување амнестија, обезбедување посебен статус за ДНР и ЛНР, заедничка изработка на законите за локалните избори“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче