Безбедноста во Европа во долгорочна перспектива може да се обезбеди единствено заеднички со Русија, изјави канцеларката на Германија Ангела Меркел говорејќи во Бундестагот на кој се дискутираше за агендата на самитот на НАТО во Варшава, пренесува ТАСС.
„Сметаме дека безбедноста во Европа на долгорочна перспектива може да се обезбеди единствено заеднички со Русија, но не и против неа“, рече Меркел.
Притоа таа додаде дека НАТО се надева на продолжување на дијалогот со Русија.
Основниот акт Русија-НАТО ќе остане основа за градењето на односите со РФ, додаде Меркел. „Ние се ориентираме според Основниот акт Русија-НАТО. Ние и понатаму ќе се залагаме за негово зачувување како основа за градењето на односите со Русија“, додаде таа.
„Стравот и дијалогот, солидарноста со нашите партнери во Алијансата и подадената рака за дијалог не влегуваат во противречност, туку се неразделно поврзани едно со друго“, потенцираше Меркел.
Според неа, решавачки фактор за понатамошната соработка меѓу НАТО и Русија ќе биде реализацијата на „Минската спогодба“ за Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче