Столтенберг ги наведе темите за состанокот на Советот Русија-НАТО

Состанокот на Советот Русија-НАТО ќе се одржи на 13 јули во Брисел.

Состанокот на Советот Русија-НАТО, кој ќе се одржи на 13 јули во Брисел, ќе биде посветен на ситуацијата во Украина и во Авганистан.

Претходно Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Москва не ја исклучува можноста за свикување на Советот Русија-НАТО набрзо по претстојниот самит на Северноатлантската алијанса на 8-9 јули, пренесува „Взгљад”.

Во април постојаниот пратеник на Русија во НАТО Александар Грушко изјави дека потезите на НАТО во Источна Европа ги кршат одредбите на Основниот акт Русија-НАТО, што значително ја нарушува ситуацијата во сферата на безбедноста.

Тогаш министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека резултатите од состанокот на Советот Русија-НАТО потврдуваат дека ситуацијата со европската безбедност се наоѓа во ќорсокак. Тој го изјави тоа по долгата пауза во состаноците на Советот Русија-НАТО на ниво на претставници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња