Руски Фонд за перспективни истражувања: Како ќе изгледа војната во иднина

Војните во иднина ќе бидат водени од роботи и беспилотни летала, а војникот ќе биде оператор, изјави шефот на рускиот Фонд за персективни истражувања Андреј Григорјев.

Војните во иднина ќе бидат водени од роботи и беспилотни летала, заедно со извидувачко-ударни системи, а војникот ќе стане оператор, изјави во интервју за РИА Новости шефот на рускиот Фонд за перспективни истражувања Андреј Григорјев. 

„Гледам дека роботизацијата сѐ повеќе зема замав, практично идната војна ќе биде војна на оператор и машини, а не на војници кои на боиштето пукаат еден во друг. Воените задачи ќе се решаваат со минимални човечки загуби. Војникот полека ќе станува оператор и ќе се оддалечува од бојното поле“, изјави Григорјев. 

Според негово мислење иднината е во беспилотните системи, кои ќе бидат повеќенаменски и способни да дејствуваат во секоја средина, рече Григорјев. 

Фондот за перспективни истражувања е основан 2012 година како пандан на американската агенција „ДАРПА“ (DARPA) чија задача е промовирање на иновации во вооружените сили. Во моментов Фондот работи на повеќе од 50 проекти, а со таа цел се отворени лаборатории во водечките високообразовни установи и научни институти во земјата, пишува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња