Александар Кокорин и Павел Мамаев по слабиот настап на ЕП во фудбал отпатуваа во Монако каде во еден отмен клуб ги честеа сите гости со шампањ и само за пијалак платија 250 илјади евра. Келнерите го разнесуваат шампанското со руската химна.
Авторите на петицијата бараа Кокорин и Мамаев да се исфрлат доживотно од руската фудбалска репрезентација, дури и да им се одземат 8 милиони евра кои ги заработија за учеството на ЕП, а парите да се употребат за помош на деца на кои им требаат комплицирани операции.
„Петиција се појави неодамна. За настанот секако дека слушнаа сите, вклучувајќи го и претседателот. Веста ја пренесоа сите медиуми. Веројатно ќе мораме да бидеме внимателни кога ја оценуваме ситуацијата: прво мораме да сфатиме дали тоа надмено безобразие го платиле нашите фудбалери или некој друг. Најлесно е неосновано да фрламе со камења“, беше коментарот на портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува Рен.ТВ.
Песков вели дека може остро да се суди дури откако ќе се сфати дали фудбалерите се расфрлале со свои пари или туѓи.
„Се разбира, доколку се тоа нивни пари – Господ нека им суди. Јас би искажал лично гледиште, но немам право на тоа. Се разбира, претседателот е во тек, како и сите останати“, додаде Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче