Москва бара од Берлин и Париз да не дозволат воено сценарио во Донбас

Москва се надева дека Берлин и Париз ќе можат да влијаат на Киев и дека нема да дозволат воено сценарио во Донбас, стои во изјавата на МНР РФ.

„Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Григориј Карасин се сретна на 6 јули со амбасадорите на Германија и Франција. Главното внимание беше посветено на различните аспекти на решавањето на конфликтот во Украина“, се вели во соопштението на МНР РФ.

Од руска страна е кажано дека поради закочените преговори, предизвикува посебен страв зголемената активност на вооружените сили на Украина и доброволечките баталјони. Заострувањето на ситуацијата е забележано и од набљудувачите на ОБСЕ. „Ги гледаме сите симптоми на воената операција што ја подготвува украинската војска“, велат од рускиот дипломатски ресор.

„Москва смета на тоа дека германските и француските партнери можат да го искористат своето влијание врз Киев и дека нема да дозволат воено сценарио кое може сериозно да ја дестабилизира ситуацијата во регионот“, истакнуваат од руското МНР.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња