Медиум: Зошто Америка не треба да војува против Русија

Ако американската војска се обиде да ја нападне Русија, Пентагон ќе биде принуден да почне скапа воена кампања во вода и во воздух за да воспостави контола над борбениот простор, пишува американското издание на „Национален Интерес“ (National Interest).

САД сметаат дека технолошката надмоќ ќе им помогне во случај на голем воен судир, но сегашната економска ситуација не му дозволува на Вашингтон да влезе во конфликт со земја како што е Русија, пишува „Национален Интерес“ .

Ако американската војска се обиде да ја нападне Русија од Балтичкото море, таму ќе биде пречекана од десетици противбродски балистички ракети од голем дострел, наведувани и беспилотних подморници, преносни противавионски ракетни системи и крстосувачки ракети.  Пентагон ќе биде принуден да почне скапа воена кампања во вода и во воздух за да воспостави контрола над борбениот простор, пишува изданието.

Дури и ако на САД тоа им појде од рака, американската војска ја очекува друга потешкотија: за окупација на територијата на најголемата земја на светот се потребни многу сили и средства. Притоа Русија има доволно економска база да испрати еквивалентни сили против САД.

Освен тоа, Вашингтон сега се наоѓа во најлошата финансиска ситуација во последно време. Во последниве седум години американскиот долг го достигна нивото кое го имаше во Втората светска војна. САД се принудени да позајмуваат суми кои се поголеми од целио воен буџет за да ги исполнат кредитните обврски. Во тие услови САД не можат да се впуштат во конфликт со Русија, затоа што тоа би ги чинело американските даночни обврзници 3 до 5 трилиони долари годишно, заклучува изданието.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња