Експертите извршиле процена како на формалните, така и на неформалнитте ограничувања во трговијата. Основниот дел од загубите (82%) оди на стоки кои не потпаѓаат под руското ембарго, пишува „Взгљад“.
На земјите од ЕУ отпаѓаат две третини од загубите (77%). Пред кризата на Русија одеа 2,3% од извозот на земјите кои ги поддржуваат самнкциите, а рускиот извоз во нив изнесуваше 63,8% од сите надворешни испораки. За време на санкциите просечно веројатноста за извоз се намали за 8-14%, а вредноста за 3,5-7,5%.
На почетокот на заострувањето на односите (од февруари до јули 2014 година) намалувањето на извозот изнесуваше просечно 14,6% (кај земјите од ЕУ – за 13,8%, притоа курсот на рубљата спрема доларот за тоа време се намали само за 6%). По воведувањето на формалните ограничувања (од август 2014 година) – просекот изнесуваше 12,9% (во ЕУ - 24,9%). Извозот на санкционирани стоки од август 2014 година се намали приближно за 90%.
Извозот кај земјите кои не ги поддржаа санкциите соодветствуваа на претходни прогнози со земање предвид на девалвацијата на рубљата – затоа што експортот кај земјите кои ги поддржаа ограничувањата се намали позначително.
Претворено во пари, загубената добивка е максимална кај германските извозници (околу 830 милиони месечно, или 27% од вкупните загуби), Украина - 450 милиони долари, како и кај Полска, Холандија, Франција и Јапонија (околу 200 милиони долари). Според податоците на Федералната царинска служба на РФ, по првото полугодие од 2014 година увозот од ЕУ се намалил за 6,1%, додека во целина од сите земји за 4,8%, во целина на годишно ниво - за 11,7% и 9,2% . Во 2015 година падот на извозот од ЕУ изнесуваше 40,2%, но и експортот поради намалувањето на цените на енергетските ресурси се намали за 31%. Во пари само увозот од ЕУ за две години се намали за 64 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче