Русија, компензирајќи го порастот на воената активност на НАТО, може да распореди на Балтикот и Црното море две супермодерни радарски станици „Сончоглед“, способни да ја контролираат крајбрежната зона долга 200 милји, соопшти добро информиран извор.
„Се очекува модифицираниот радар „Сончоглед“ да стапи на борбено дежурство на Балтикот во 2017 година“, соопшти изворот, пренесува „Взгљад“.
Според неговите зборови, ист таков радар во 2017 година може да биде распореден на Крим „и тој ќе може да го види секој боен брод кој ќе минува низ Босфорот“.
Радарот „Сончоглед“ ги помина државните испитувања во 2006 година. Во моментов на борбено дежурство се наоѓаат три станици – една на Охотско море, втората на Јапонско море, додека третата е на Каспиското море.
„Сончоглед“ е наменет за откривање надводни и воздушни цели. Неговата главна карактеристика е задхоризонталниот видик, кој му овозможува да наоѓа цели кои не се директно видливи. Станицата може во автоматски режим истовремено и континуирано да открива, следи и класифицира до 300 морски и 100 воздушни објекти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче