Медиум: СССР можел да го уништи НАТО уште во 1980-те

По завршувањето на Студената војна владата на Полска објави тајни документи на СССР во кои е изнесен план за евентуална војна меѓу НАТО и земјите од поранешниот „Варшавски договор“, познат под називот „Седум дена до Рајна“, пишува Национален Интерес“ ( The National Interest).

Како што се наведува во текстот објавен во „Национален Интерес“ (National Interest) според тој план советските нуклеарни сили требало да ги уништат Хамбург, Дизелдорф, Келн, Франкфурт, Штутгарт, Минхен и главниот град на Западна Германија Бон, како и да го ликвидираат седиштето на НАТО  во Брисел и белгиското пристаниште Антверпен за да се осуети испраќањето поддршка од Велика Британија и Северна Америка.

Во планот „Седум дена до Рајна“ е предвидено претварање на Полска во радиоактивна зона, што би го одвоило Советскиот Сојуз од неговите сили во Источна Германија, Чехословачка и Унгарија. Тие заедно со армиите на Источна Германија, Чехословачка и Унгарија би биле доволни за офанзива.

Авторот на текстот наведува дека планот „Седум дена до Рајна“ исклучително укажува на две околности. Во случај на ненадеен напад копнените сили би биле најважните вооружени сили во состојба да го уништат НАТО заедно со неговите воздухоповни бази и воено-поморски објекти. Покрај тоа, извесно е дека Алијансата би ја загубила војната, бидејќи нејзината доктрина тогаш предвидувала постепено преѓање на уклеарно оружје додека Советскиот Сојуз планирал да го употреби уште првиот ден, пренесува РТ на руски.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња