Медиум: САД не можат да си дозволат да ја игнорираат Русија

Белата куќа и Стејт департментот сметаат дека напредокот во решавањето на сириската криза може да се постигне единствено во соработка со Москва, дури и ако поради тоа „мораат да ги остават настрана мерките за нејзина изолација“, пишува американскиот весник „Вашингтон Пост“.

САД не можат да си дозволат откажување од американско-руските односи, пишува „Вашингтон Пост“. Вашингтон треба адекватно да реагира на постапките на Москва и притоа да ја сочува секоја можна соработка, смета весникот.

Администрацијата на Обама имаше големи планови што се однесува до односите меѓу Русија и САД. Се претпоставуваше дека земјите ќе соработуваат во области кои се од заеднички интерес, иако ќе бидат соперници во други области каде им се разидуваат интересеите. Овој концепт беше рационален, но кога односите меѓу Москва и Вашингтон почнаа да се расипуваат, САД не можеа да се прилагодат на новите услови, смета „Вашингтон Пост“.

Белата куќа и Стејт департментот сметаат дека напредокот во решавањето на сириската криза може да се постигне единствено во соработка со Москва, дури и ако поради тоа „мораат да ги остават настрана мерките за нејзина изолација“, пишува американскиот весник „Вашингтон Пост“. Овој пристап може да се нарече разумен, но само во случај Русија да се придржува до договорот за Сирија, како и до реализацијата на „Минската спогодба“.

САД не можат да си дозволат откажување од американско-руските односи, пишува весникот. Има вистина во ставот дека најакутните прашања, вклучувајќи ја и борбата против тероризмот, не можат да се решат без учество на Русија.

САД имаат затегнати односи со голем број земји, како со Кина, на пример, меѓутоа никој не ни помислува да ги прекине односите со Пекинг. Истото се однесува и на Русија. Политиката на изолација си има свои граници, а режимот на санкции не може вечно да трае, се наведува во статијата.

Вашингтон треба да изгради нови односи со Москва, прибрано да реагира на потезите на Москва, но истовремено да одржува секаков можен вид на соработка со Москва, заклучува „Вашингтон Пост“. САД треба да почнат да бараат начин за укинување на антируските санкции пред тие да пропаднат под сопствената тежина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња