Подобрувањето на односите со Русија и Израел е иницирано од желбата на Турција да го запре ширењето на иранската доминација на Блискиот исток, смета експертот за енергетика и регионална геополитика Мајкл Танчум.
Откако постигна договор за нуклеарната програма Техеран се извлече од меѓународната изолација и се ослободи од санкциите и сега има за цел да го преземе статусот на регионален лидер од сунитска Саудиска Арабија, меѓу другото и за сметка на наглото зголемување на извозот на нафта и гас“, пишува „Форин Полиси“.
Помирувањето со Русија е дел од пошироката стратегија на Турција која подразбира обнова на соработката со Израел и продлабочување на стратешките врски со Саудиска арабија и Катар, истакнува експертот.
По тој повод, пишува аналитичарот, станува актуелен „Турски тек“, проектот што беше запрен поради соборувањето на рускиот авион Су-24. Прашањето е дали помирувањето на Москва и Анкара ќе биде доволно за враќање на нивото на стратешко партнерство меѓу двете земји од 2014-2015. година, кога Русија се откажа од изградба на гасоводот „Јужен тек“ и почна преговори со турската страна за изградба на гасовод под Црното море.
Освен тоа, од меѓусебните односи зависи и судбината на првата атомска централа во Турција која ја гради Русија, како и статусот на Москва на глобалниот пазар. Русија ќе мора да ја заврши изградбата на атомската централа „Акују“ за да покаже подготвеност да го заштити својоит удел на глобалниот пазар од сѐ поголемата конкуренција каква што претставува Кина, се вели во статијата.
Меѓутоа иднината на „Турски тек“ останува неизвесна дури и во услови на промена на политичката клима во односите меѓу двете земји. Сосема е можно Москва повеќе да нема големи очекувања во поглед на тој проект. Изградбата на гасоводот требаше да ѝ овозоможи подобар пристап до европскиот пазар, меѓутоа, сега се чини дека единствениот примач на гасот ќе биде Турција која, пак, се обидува да ја намали зависноста од рускиот природен гас.
Главен конкурент на Русија на турскиот пазар би можел да ѝ биде Израел, кој сака да го подобри својот регионален статус со извозот на гас, заклучува изданието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче