Командантот на шведската армија ја смета Русија за најголема закана

Командантот на Вооружените сили на Кралството Шведска Микаел Биден изјави дека Русија наводно претставува најголема закана за Шведска.

„Русија без сомнение претставува најголема воена закана“, ги пренесува зборовите на Биден „Взгљад“.

Истовремено, според него, во моментов никој нема намера да ја нападне оваа скандинавска држава. „Генералната процена на Вооружените сили се состои во тоа што воен напад е малку веројатен“, изјави Биден.

Тој исто така искажа мислење дека резултатите од британскиот референдум за излегување од ЕУ се наводно поволни за Русија. „Одлуката (за излегување) оди во полза на Русија, која преферира да разговара во билатерален формат, а не со голема организација од типот на ЕУ“, тврди командантот.

Претходно на 9 јуни шефот на Пентагон Ештон Картер и министерот за одбрана на Шведска Петер Хултквист во Вашингтон разговараа за „одвраќање на провокативното однесување на Русија“.

Притоа Москва е таа која укажуваше дека токму земјите на НАТО ја зголемуваат милитаризацијата во регионот на Балтичкото море.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња