Пекинг ја укинува забраната за испорака на говедско месо и месо од живина и нивни производи од зоните слободни од шап и лигавка без вакцинација, а исто така иницира и укинување на ограничувањата за увоз по птичјиот грип, соопшти руската институција.
Исто така во август или септември оваа година е планирана посета на кинески стручњаци на Русија, се вели во соопштението. На пример, експертите од Кина ќе ги проучат мерките за контрола на ширењето на руската територија на вирусите на африканска свинска чума и јазлеста кожа кај рогатиот добиток.
Во моментов за увоз на животни и производи од анимално потекло во Кина важат времени ограничувања кои беа воведени од страна на Пекинг поради неповолната ситуација со Руската Федерација поради многубројните болести на животните.
На крајоит на мај Светската здравствена организација за животни ја прогласи Русија за земја во која нема шап и лигавка, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче