Претседатеот на Русија Владимир Путин го потпиша законот за формирање на Националната гарда на Руската Федерација, а документот е објавен на официјалниот интернет-портал за правни информации.
Путин во април најави основање на Националната гарда врз база на Внатрешните вооруженни сили на МВР РФ и во Државната дума по тој повод поднесе соодветен предлог-закон.
Новиот федерален орган на извршната власт ќе биде задолжен за борба против тероризмот и организираниот криминал, ќе обезбедува важни државни објекти и специјални товари и ќе помага на ФСБ во чувањето на државните граници. Предвидено е и Националната гарда да врши надзор над приватните компании за обезбедување услуги за обезбедување и промет со оружје, пишува РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче