Пушков: Се надевам дека на Денот на независноста САД ќе го разберат народот

Претседателот на Комисијата за меѓународна политика во Думата Алексеј Пушков им го честиташе на американските граѓани Денот на независноста и им посака на овој ден да се разбере подобро одлуката на жителите на Крим за суверенитетот преку приклучувањето кон Русија, соопшти „Известија“

Претседателот на Комисијата за меѓународна политика во Думата Алексеј Пушков им го честиташе на американските граѓани Денот на независноста и им посака на овој ден да се разбере подобро одлуката на жителите на Крим за суверенитетот преку приклучувањето кон Русија, соопшти „Известија“.

„Им посакувам на САД на нивниот Ден на независноста и на одделувањето од Англија, да го разберат народот на Крим, кој ја постигна својата независност преку приклучување кон Русија“, напиша Пушков на Твитер.

На 4 јули 1776 година е усвоена познатата Декларација за независност на САД, со која се објави независноста на северноамериканските колонии од Британската империја. Денот на независноста се смета за раѓање на САД како слободна и независна земја. За Американците ова е најголемиот национален празник, забележува „Известија“.

Крим и Севастопољ се приклучија на Русија во март 2014 година по референдумот на кој мнозинството од локалните жители гласаа за отцепување од Украина и пристапување кон Русија, потсетува весникот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња