Почнува реставрацијата на споменикот на Пушкин во центарот на Москва

Од денес (4 јули) започнува реставрацијата на познатиот споменик на А.С. Пушкин на Пушкинскиот плоштад во Москва, соопштува RT.

Од денес (4 јули) започнува реставрацијата на познатиот споменик на А.С. Пушкин на Пушкинскиот плоштад во Москва, соопштува RT. Жителите и гостите на Москва ќе можат да го видат обновениот споменикот во ноември оваа година.

Споменикот ќе си го врати претходниот изглед: реставрирана ќе биде бронзената фигура на поетот, споменикот и оградата, а цветните aлеи околу споменикот ќе бидат отстранети“, соопштува ТАСС, цитирајќи го соопштението на Московското одделение за културно наследство.

Оттаму предупредуваат дека бронзенаот боја на споменикот ќе се промени по отстранувањето на патината. Мермерните делови на споменикот исто така ќе бидат исчистени, ќе бидат пополнети процепите меѓу камените блокови и ќе се преуредуваат патеките што водат до споменикот, како и гранитните плочи наоколу. Ќе бидат направени копии на историските синџири со кои е ограден споменикот, и кои неколку пати беа украдени.

Ќе бидат избришани некои траги од претходната реставрација на споменикот и пукнатините на скулптурата на поетот

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња