Ердоган: Има надеж за односите со Русија и со Израел

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во писменото обраќање до нацијата изрази надеж за позитивен развој на односите со Русија и со Израел.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во писменото обраќање до нацијата изрази надеж за позитивен развој на односите со Русија и со Израел.

„Ги развиваме односите со Израел и со Русија. Позитивните заемни чекори што се направени во последниве недели ни даваат надеж за иднината“, се вели во обраќањето на Ердоган до нацијата по повод крајот на Рамазан. Тој вели дека Турција минува низ криза која е предизвикана од проблемите во Сирија, од тероризмот и вештачката затегнатост, и повторно се воспоставуваат односите со други држави“, пренесува ТАСС.

Москва и Анкара ги прекинаа директните контакти во ноември минатата година, откако турски воен авион го собори рускиот Су-24 над Сирија. Благодарение на извинувањето што Ердоган на 1 јуни го упати до Путин за инцидентот во Сирија, во Сочи беа одржани директни преговори помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња