Чавушоглу: Русија може да ја користи авиобазата Инџирлик

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека на Русија може да ѝ биде дадено право на користење на авионската база Инџирлик за операции против „Исламската држава“.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека на Русија може да ѝ биде дадено право на користење на авионската база Инџирлик за операции против „Исламската држава“.

„Ќе соработуваме со секој што се бори против 'Исламска држава'. Од самиот почеток ја водиме борбата и ја отворивме базата Инџирлик за оние што сакаат активно да учествуваат во неа. Зошто да не соработуваме и со Русија? 'Исламската држава' е наш заеднички непријател и треба да се бориме против неа. Важно е да се сфати ова за функционирањето на механизмот и за спречување на какви било несакани инциденти. Во врска со ова прашање сме истомисленици со Сергеј Лавров“, ја пренесува изјавата на Чавушоглу РИА Новости.

Базата која се наоѓа на околу 8 километри од турскиот град Адана моментално ја користат Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Катар и Саудиска Арабија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња