Терористот Чатаев бил агент на грузиските служби на Саакашвили

Еден од терористите за кого се смета дека учествувал во терористичкиот напад во Истанбул бил агент на поранешните грузиски тајни служби.

Осомничениот за организирање на нападите во истанбулскиот аеродром Чеченот Ахмет Чатаев бил агент на грузиските тајни служби за време на управувањето на Михаил Саакашвили, тврди претседателот на парламентарната Комисија за одбрана и национална безбедност Ираклиј Сесиашвили, пренесе на 3 јули Лента.ру.

„За жал, Ахмет Чатаев бил агент на тајните служби на Саакашвили. Имал лажен грузиски пасош, благодарение на кој патувал во различни земји за спроведување на оперативни задачи за кои добивал плата“, вели Сесиашвили.

На 1 јули градоначалникот на Одеса Михаил Саакашвили соопшти на својот профил на Фејсбук дека Чатаев бил уапсен во Грузија неколку месеци. „Тој беше уапсен од мојата влада во Грузија за време на антитерористичката операција предводена од генерал Георги Лордкипаниѕе, кој сега е шеф на полицијата во Одеса. Тројца вработени од нашите сили за безбедност загинаа за време на операцијата“, напиша Саакашвили.

Според него Чатаев беше ослободен во 2012 година, кога на власт дошла новата влада на Бидзин Иванишвили, бидејќи се сметало дека е политички затвореник.

На 30 јуни беше соопштено дека Чатаев се бара со федерална потерница од 2008 година, но уште пред тоа тој емигрирал во Европа. Чатаев работел за водачот на групата „Имарат Кавказ“ Доку Омаров, а по неговата смрт се вклучува во редовите на „Исламска држава“ (и двете групи се забранети во Русија)

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња