Кадиров поднесе документи за учество во изборите за претседател на Чеченија

Рамзан Кадиров се кандидира за претседал на руската република Чеченија.

Вршителот на должноста претседател на Чеченија Рамзан Кадиров поднесе документи за учество на изборите за претседател на Република Чеченија, соопшти ТАСС во саботата, 2-ти јули.



Рамзан Кадиров изјави дека „претстојните избори ќе бидат најфер и најправедни избори во светската практика“. "Според волјата на Севишниот Алах дадов согласност за учество на изборите. Тукушто ги поднесов соодветните документи во изборната комисија“, напиша Кадиров на својот Инстаграм.

„Својата основна цел ја гледам во тоа да го продолжам курсот на првиот претседател на Чеченската Република, херојот на Русија Ахмат-Хаџи Кадиров, кој му служеше на народот, на Чеченската Република, на нашата татковина Русија!“, ја објасни својата одлука Кадиров.

На крајот тој ѝ изрази благодарност до партија „Единствена Русија“ за укажаната доверба да ја претставува на претстојните парламентарни избори. „Како вршител на должноста шеф на Чеченија застанав на чело на регионалната група на предизборната листа на единорусите“.

Во февруари оваа година Кадиров изјави дека смета оти неговата мисија на функцијата претседател на Чеченија за извршена. Тогаш тој рече „Не хочу!“ (Не сакам), поднесе оставка, но Владимир Путин го назначи за вршител на должноста. Тогашното одлука Кадиров ја објасни со тоа што времињата се менуваат во социјален и економски однос и дека власта треба да биде преземена од попрофесионални луѓе.

Својата верност кон Русија и лично кон претседателот Владимир Путин Кадиров ја изразува постојано и недвосмислено. „Јас сум вработен, јас сум генерал, јас сум херој ... Јас сум човек на Кремљ, јас сум човек на Путин. Јас сум слуга на народот, јас сум роб на Севишниот, јас сум маринец на Путин“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња