Вулканот Кључевској доби „портокалов“ код

Денес во претпладневните часови на вулканов Кључевској на Камчатка е забележано исфрлање пепел.

Според сателитските податоци добиени и анализирано од страна на Камчатската група за реагирање на вулкански активности (KVERT) пепелта почнала да се крава на височина од шест до осум километри над морското ниво. Висината на вулканот изнесува 4.750 метри.

Облаците од пепел се шират по ветрот во јужниот правец од Кључевској. На патот по кој се движи пепелта нема населени места соопштија од регионалната Главна управа на Министерството за вонредни состојби на Руската Федерација.

Според податоците од диспечерите на Единствената дежурна диспечерска служба во селата и во населените места на Камчатскиот крај не е забележана пепел. Исто така се соопштува дека во околината на вулканот не се регистрирани туристички групи.

Вулканот доби „портокалов“ код на авијатичка опасност.

Туристичките организации, пак, добија препорака да не испраќаат тури во пределите на Кључевској.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња