Според резултатите од првото полугодие извозот на нафта од Русија е зголемен на 116.356 милиони тони, што е за 5.8 проценти повеќе од истиот период минатата година. Делумно зголемувањето се засновува на факторот на престапната година.
Ова се вели во оперативниот отчет на Централната диспечерска управа на горивно-енергетскиот комплекс на Русија, објавен на 2 јули. Испораките во земјите од блиското соседство (Белорусија) се зголемени за два проценти, односно 11.5 милиони тони, пренесува Интерфакс.
Експлоатацијата на нафта и на гасен кондензат во Русија во периодот од јануари до јуни е порасната за 2.1 процент, односно 269.877 милиони тони. Изразено во дневна бројка тоа изнесува 10.869 барели. Експлоатацијата на гас, пак, е намалена за 1.3 проценти, односно 307.633 милиони кубни метри.
Во Министерството за економски развој на РФ сметаат дека според резултатите, во 2016 година експлоатацијата на нафта и на гасен кондензат ќе порасне од 534 на 540-542 милиони тони, извозот на нафта од 241.8 на 255 милиони тони, а експлоатацијата на гас од 633 на 638 милијарди кубни метри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче