Ова го изјави заменик-директорот на одделот за нови предизвици и закани на МНР на Русија Владимир Андреев на седницата на Генералното собрание на ОН, посветена на 10-годишнината од усвојувањето на глобалната антитерористичка стратегија, објави денес RT .
Андреев посочи дека продолжуваат да дејствуваат „двојните стандарди и политизираната практика да се делат терористите на 'лоши' и на 'не многу лоши', ја цитира неговата изјава РИА Новости.
„Пред сè е дозволено навлегување на терористички групи, вклучувајќи ги и оние најопасните, во геополитички шеми насочени кон мешање во внатрешните работи на земјите, дестабилизација и замена на 'непожелните режими', посочи рускиот дипломат.
Андреев даде пример за настаните на Блискиот Исток и во Северна Африка, кои доведоа до активирање на терористичките групи од новата генерација – „Исламска држава“ и „Џабхат ан-Нусра“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче