Белата куќа: Односите РФ-НАТО ќе се разгледува во Полска

Прашањето за взаемната соработка помеѓу НАТО и Русија ќе се разгледува во рамките на посетата на претседателот на САД Барак Обама на Полска следната недела.

Прашањето за взаемната соработка помеѓу НАТО и Русија ќе се разгледува во рамките на посетата на претседателот на САД Барак Обама на Полска следната недела. Ова на брифинг со новинарите го изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, соопшти вчера РИА Новости.

„САД ќе го продолжат опширниот дијалог со Русија и ќе продолжат да бидат загрижени во однос на низа прашања кои се поврзани со РФ, вклучувајќи го и прашањето за ситуацијата во Украина. Ќе продолжиме да дискутираме за ова прашање со НАТО“, изјави тој.

„Ова ќе биде една од темите на претстојната посета на претседателот Обама на Полска следната недела“, додаде тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња