WT: Случајот со Турција докажува дека Русија е непобедлива во играта на чек

„Кремљ покажа дека нема прв да попушти и дека е подготвен да ги поднесе сите тешкотии, чекајќи Западот да потклекне“, пишува американскиот весник.

Одлуката на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган да изрази жалење поради соборениот руски авион претставува „тотална капитулација“ и докажува дека Русија е непобедлива во „играта на чекање“, пишува The Washington Times

Весникот смета дека не е случајно тоа што писмото со извинување на Ердоган е испратено неколку дена по референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ. Според аналитичарите, Анкара оценува дека моќта на ЕУ, во чиј состав веќе долго време се обидува да влезе, е опадната.

„Во секој случај, оваа ситуација ја покажува слабоста на јужното крило на НАТО пред лицето на препородената Русија и го зацврстува имиџот на претседателот Путин како можен лидер. Кремљ покажа дека нема прв да попушти и дека е подготвен да ги поднесе сите тешкотии, чекајќи го Западот да потклекне. Ова се случува и со санкциите против Русија поради Украина. Русија неодамна ја продолжи забраната за увоз на европски прехранбени производи од Европа, сè посигурна дека Европа прва ќе попушти“, пишува американскиот весник.

„Западот треба да сфати дека во играта нa чекање Русија секогаш ќе победува. Тоа им е во гените. Единствен начин да се промени однесувањето на Москва е заканата и подготвеноста да се употреби сила“, тврди аналитичарот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња