Владимир Путин се сретна со претседателот на Финска Саули Нинисте

Претседателот на Финска Саули Нинисте ја оцени ситуацијата во Украина како маѓепсан круг од кој е невозможно да се излезе поради отсуството на напредок и во однос на безбедноста, и во однос на политичкото регулирање, објави денес РИА Новости.

Претседателот на Финска Саули Нинисте ја оцени ситуацијата во Украина како маѓепсан круг од кој е невозможно да се излезе поради отсуството на напредок и во однос на безбедноста, и во однос на политичкото регулирање, објави денес РИА Новости. 

Нинисте во петокот, 1 јули, имаше разговори со претседателот на Русија Владимир Путин.

„За време на нашиот разговор беа покренати прашањата за тоа дека живееме во таков свет во кој има еден вид маѓепсан круг од кој е прилично тешко да се излезе. Ова се однесува како на ситуацијата во Украина, така и на оние прашања кои се јавуваат во регионот на Балтичко Море. Во Украина во моментов се одвива толку активна дискусија по повод исполнувањето на договорот од Минск и може да се каже дека ова се случува во две насоки. Прво, во насока на безбедноста и во насока на политичкото регулирање“, изјави Нинисте на заедничката прес-конференција.

Според претседателот на Финска нема напредок во ниту една од овие две насоки. „Нема напредок во едната насока, ако нема напредок во другата. И се добива затворен круг“, рече тој.

Нинисте истакна дека за гарантирање на почитувањето на режимот на прекин на огнот се вложуваат сериозни напори. Според него токму тоа може да биде поттик за движење во двете насоки за смирување на ситуацијата во Украина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња