„Партнерството помеѓу НАТО и Русија засновано на почитување на меѓународното право би имало стратешка вредност. Но, не постојат услови за такви односи“, го цитира Јенс Столтенберг новинската агенција Интерфакс.
Тој вели дека односите на Алијансата и Русија зависат од тоа дали Русија ќе почне да се однесува јасно и конструктивно, од тоа дали ќе го почитува меѓународното право и своите меѓународни обврски. „Топката е сега кај Русија“, вели Столтенберг.
„Санкциите се важни за да се покаже дека изборот што го направи Кремљ има своја цена. Санкциите испраќаат јасна порака: сè дури го вознемирува европскиот мир, Русија ќе биде изолирана. Тоа е избор на самата Русија. Русија продолжува да ја дестабилизира ситуацијата во Источна Европа, да ги поддржува сепаратистите со војска и со оружје. Русија исто така не се откажува од незаконската и нелегитимна анексија на Крим, која сојузниците не ја признаваат и нема да ја признаат“, изјави Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО не заборави да потсети дека НАТО не сака да се конфронтира со Русија и дека не сака нова студена војна.
„Антируската насоченост на НАТО денес особено се истакнува. Алијансата не само што во активностите на Русија бара потврда за легитимноста на своето постоење, ами исто така против нас презема реални конфронтациски чекори“, изјави вчера претседателот на Русија Владимир Путин на советувањето со руските амбасадори и претставници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче