Советот на Европската Унија и официјално ги „продолжи економските секторски санкции против РФ за уште шест месеци, односно до 31 јануари 2017 година“.
Ова се вели во изјавата на Советот на Европската Унија. Одлуката за ова официјално стапува на сила во сабота, 2 јули, по нејзиното објавување во Официјалниот билтен на ЕУ.
„Советот на ЕУ ги продолжи економските санкции кои се насочени кон одделни сектори на руската економија за шест месеци до 31 јануари 2017 година“, се вели во изјавата. Оваа одлука има чисто технички карактер – политичката одлука за продолжување на санкциите беше донесена на 21 јуни на заседанието на Комитетот на ЕУ на ниво на постојани претставници.
ЕУ планира да организира голема дискусија за односите со РФ и за понатамошната судбина на своите санкции оваа есен.
Претходно германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека продолжувањето на ограничувачките мерки во однос на Русија кои беа воведени поради ситуацијата во Украина се неопходни.
Како одговор на донесената одлука, вчера претседателот на Руската Федерација Владимир Путин го потпиша указот за продолжување на ембаргото за увоз на прехранбени производи од ЕУ од 6 август 2016 година до 31 декември 2017 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче