Меѓу Русија и Турција нема несогласувања околу тоа кого сметаат за терористи во Сирија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со својот турски колега Мевлут Чавушоглу, пренесува ТАСС.
Турција се согласува со тоа дека опозицијата треба да се разликува од позицијата на терористите во Сирија, истакна Лавров.
„Денес разговаравме за ситуацијата која одамна нè загрижува, имено тоа дека нашите американски партнери не можат да ги разграничат различните опозициски единици на Џебхат ан-Нусра, иако го ветија тоа“, рече Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи истакна дека единиците на опозицијата кои не се разликува од позициите на терористите, се сметаат како нивни соучесници и Анкара се согласува со тоа.
„Кога се изразуваат стравувања и загриженост, како на наша адреса, така и на адреса на сириската влада дека нашата авијација не ги напаѓа вистинските цели и оти пука врз опозициските групи поддржани од САД, сакам да потсетам на ветувањето дадено јавно од САД дека оној што не сака да се најде под ударите, е должен да ја напушти позицијата на „Џебхан ан-Нусра“ и на ИДИЛ“, изјави рускиот дипломат. „Нашите турски колеги потврдија дека се согласуваат со таа логика“, додаде тој.
Двете страни се согласија да ги продолжат активностите на работните групи за борба против тероризмот, изјави Лавров, додавајќи дека смета на контактите помеѓу руските и турските воени за Сирија.
Средбата помеѓу министрите за надворешни работи на Русија и Турција, Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу се одржа во рамките на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи на земјите од Организацијата за црноморска економска соработка (ОЦЕС). Разговорот меѓу двајцата министри траел речиси 40 минути, пренесуваат агенциите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче