Коротченко: САД шират антируска параноја наспроти самитот на НАТО

Уште едното обвинување за „небезбедни и непрофесионални дејствија на руските бродови“ потсетува на вистинска параноја што Пентагон ја шири наспроти самиот на НАТО, со цел да го оправда порастот на воениот буџет и приближувањето на војската кон руската граница, смета членот на Општествениот совет при Министерството за одбрана на РФ и главен уредник на списанието „Национална Одбрана“ Игор Коротченко.

Во инцидентот со американскиот брод „Грејвли“ рускиот патролен брод „Јарослав Мудриот“ наводно намерно се обидел да го попречи дејствувањето на носачот на авиони „Хари Труман“ во Средоземно море, соопштија официјални воени лица на САД.

„Постојаните обиди на САД да ја обвинуваат Русија потсетува на вистинска параноја. Во слични ситуации професионалците молчат, не покажуваат бурни емоции во весниците како што тоа денес го прави Пентагон. Бранот антируска хистерија нема да запре, што и беше за очекување наспроти самитот на НАТО во Варшава каде ќе се донесуваат одлуки за проширување на военото присуство на САД и на Алијансата во близина на руската граница“, Изјави Коротченко, а пренесе новинската агенција РИА Новости.

Тој додава дека оваа кампања има за цел да ги подготви Американците и Европејците за нова трка во вооружувањето.

Нервозата што ја покажува раководството на Пентагон сведочи за тоа дека Американците едноставно не се навикнати покрај својот носач на авиони да гледаат туѓи воени бродови“.

„Никој не може да се посомнева во професионализмот на руската воена морнарица. Руските морнари се придржуваат на сите норми на меѓународното морско право и, се разбира, не создаваат никакви опасни ситуации за странските бродови“, нагласи Коротченко.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња