Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот со кој се укинуваат ограничувањата во однос на Турција, соопштува прес-службата на Кремљ.
На пример, укинат е забраната за продажба на туристички тури во Турција.
Исто така, Путин ѝ наложи на владата да преземе мерки за укинување на забраната за чартер-превозот меѓу двете земји и да дискутира со турските колеги за механизмот за укинување на економските ограничувања против Анкара.
Се истакнува дека указот стапува на сила на денот на неговото официјално објавување.
Претходно, говорејќи на состанокот со амбасадорите и постојаните претставници на Русија, Путин изјави дека во најскоро време Москва ќе преземе мерки за обнова на билатералната соработка со Анкара.
Од своја страна, премиерот на Русија Дмитриј Медведев потенцираше дека укинувањето на санкциите против Турција ќе се одвива етапно, за да не им нанесе штета на руските производители, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче